ЏИП Е ГЛАВНАТА НАГРАДА НА НОВАТА НАГРАДНА ИГРА НА „СКОПСКО“

    ЏИП Е ГЛАВНАТА НАГРАДА НА НОВАТА НАГРАДНА ИГРА НА „СКОПСКО“

    „Скопско“ започна со нова наградна игра пред стартот на летната сезона.

    Со секое купено „скопско“ или „скопско смут“ во стаклена амбалажа се добива шанса да се освои една од многубројните награди за опуштање, забава и авантура. Главната награда е џип за кампување со монтажен шатор, подготвен за нови патувања, викенд бегства и незаборавни летни авантури.

    „Скопско“ доделува и други награди создадени за добра атмосфера и вистинско уживање, како конзола за играње, маси за фудбал, филмски сетови со проектор, машина за пуканки, сетови за скара, сетови за плажа, фрижидерчиња „скопско“, ваучери и многу други.

    За учество во наградната игра се презема апликацијата „Скопско“ на следниот линк: https://app.skopsko.mk/download. Се внесува шестцифрениот код што се наоѓа под капачето на промотивните пакувања на „скопско“ или „скопско смут“ во стаклена амбалажа и се игра за дневни и неделни награди, како и за главната награда.

    Наградната игра трае од 25 мај до 21 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира