ПОЛАГАЊЕТО МАТУРА ПОЧНУВА НА 6 ЈУНИ, ЗАБРАНЕТО ВНЕСУВАЊЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ

    ПОЛАГАЊЕТО МАТУРА ПОЧНУВА НА 6 ЈУНИ, ЗАБРАНЕТО ВНЕСУВАЊЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИВо просториите каде што ќе се полагаат испитите е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди (Фото: СДК.МК)

    На 6 јуни почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Ќе се почне во 9 часот со полагање на изборниот екстерен предмет. Согласно измените на Законот за средното образование, годинава матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

    Од вкупно пријавени 14.587 ученици за полагање на матурата,  12.184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2.276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

    Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Даниела Јовчевска-Михајловска, за МИА изјави дека сите ученици ќе имаат еднакви услови и фер полагање. Во согласност со новата Концепција, изработени се посебни тестови за секој вид матура, врз основа на испитните програми за полагање. Мобилни телефони ќе нема кај учениците за време на полагањето.

    За училиштата кои немаат соодветни просторни услови, екстерните испити ќе се полагаат во амфитеатрите на факултетите.

    Кандидатите кои избрале државна матура ќе полагаат тест по странски јазик (англиски, француски, германски, руски или италијански) или математика. Кандидатите кои ќе полагаат државна стручна матура ќе имаат тест по англиски или по математика, а за државна уметничка матура изборот е помеѓу англиски јазик и историја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира