ДОЈДЕТЕ НА АЕРОДРОМ ТРИ ЧАСА ПРЕД ЛЕТОТ ПОРАДИ ГУЖВИТЕ СО НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ГРАНИЧНА КОНТРОЛА ВО ЕУ, ПРЕПОРАЧА „ВИЗЕР“

    ДОЈДЕТЕ НА АЕРОДРОМ ТРИ ЧАСА ПРЕД ЛЕТОТ ПОРАДИ ГУЖВИТЕ СО НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ГРАНИЧНА КОНТРОЛА ВО ЕУ, ПРЕПОРАЧА „ВИЗЕР“Системот за влез и излез од ЕУ (ЕЕС) патниците од земји вон ЕУ да регистрираат биометриски информации кога влегуваат во многу европски земји, кои потоа се проверуваат и кога заминуваат, поради што се чека со часови. (Фото: СДК.МК)

    Британските туристи треба да пристигнат на европските аеродроми три часа пред полетувањето на нивниот лет поради долгите редици предизвикани од новите гранични проверки со новиот систем за биометриско скенирање на граѓаните кои не се од Европска Унија, предупреди британската директорка на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“.

    Ивон Мојнихан изјави дека долгите доцнења при поминување на пасошката контрола на некои европски аеродроми предизвикале некои патници да пропуштат повратни или поврзувачки летови. Аеродромите соопштија дека редовите се влошуваат по воведувањето на Системот за влез и излез од ЕУ (ЕЕС), кој бара патниците да регистрираат отпечатоци од прсти. Но, портпарол на Европската комисија рече дека EEС работи добро на „скоро сите гранични премини“.

    EEС бара патниците надвор од ЕУ да регистрираат биометриски информации кога влегуваат во многу европски земји, кои потоа се проверуваат кога заминуваат. Од октомври се регистрирани речиси 80 милиони влезови и излези, со евидентирани 35.000 одбивања на влез. Од 10 април, требашe целосно да се користи на границите на Шенген зоната, вклучувајќи ги и аеродромите. Сепак, Грција ефикасно ги суспендираше биометриските проверки на своите граници за британските граѓани со цел да се спречат нарушувања во текот на летото.

    Мојнихан од „Визер“ вели дека влијанието на новите проверки е „фрагментирано низ цела Европа“.

    Иако имало „непречено патување“, таа рече дека имало долги редици на „вообичаените жаришта како што се Шпанија, Португалија, Франција“. Кога Мојнихан отпатувала на Мајорка не наишла на редици, а имало дополнителен персонал на располагање и „значаен број киосци за ЕЕС“. Сепак, таа рече дека генерално нејзината авиокомпанија ги советувала патниците да се подготват за долго чекање.

    „Кога ќе слетате на одредишниот аеродром, може да има редици, па затоа треба да понесете преносен полнач или вода“, рече таа.

    Бидејќи информациите за EEС мора да се проверат кога луѓето заминуваат, таа го истакна и ризикот од редици пред летовите за назад во Велика Британија.

    „Бидејќи има уште една проверка на пасошот, таму гледаме дека луѓето, повторно, имале подолго време на чекање од очекуваното“, рече таа. Вели дека вообичаената препорака е да се стигн на аеродромот два часа пред летот – „но во овие околности, советуваме три часа“.

    Мојнихан им советуваше на сите што имаат транзитен лет да си дозволат „неколку часови“ помеѓу летовите во случај на гранични редици. Таа рече дека граничните службеници проактивно ги суспендираат проверките на EEС ако се чекањето стане предолго.

    Европската комисија вели дека EEС не е единственото нешто што може да предизвика доцнења, а регистрирањето информации обично трае само околу една минута.

    АЦИ Европа, трговско тело за аеродроми, соопшти дека претходно оваа недела анкетирало 45 аеродроми во 20 земји-членки на ЕУ. Резултатите сугерираат дека EEС сега предизвикува редици до три и пол часа. Групата соопшти дека повеќе аеродроми сега пријавуваат прекумерно време на чекање, и покрај „екстензивната употреба на делумно суспендирање на EEС“. Очекува ситуацијата „понатаму да се влоши“ и „да не може да се управуваа“ како што се зголемува обемот на патници кон летниот врв.

    АЦИ Европа сака да се решат сите технички проблеми како што се „нестабилност на централниот ИТ систем и националните интерфејси“, како и нивоата на персонал на границата. Комисијата изјави дека од земјите-членки зависи да обезбедат правилно спроведување на EEС и дека треба да обезбедат доволно граничари.

    Португалија, каде што се пријавени многу долги чекања, најави ангажман на уште 360 гранични службеници за аеродромите во јули.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира