Во долгите врски сексуалната желба често опаѓа по една до две години, што е нормално и е поврзано со промени во хормоните: наместо силна страст, се засилува чувството на поврзаност.
„Хормоните кои ја поттикнуваат поврзаноста ги пригушуваат половите хормони, а со тоа и желбата и зачестеноста на сексуалните односи. Тоа едноставно треба да се знае како пар“, вели германиот психологот и психотерапевка Андреа Сајферт.
Според Сајферт, клучно е партнерите отворено да разговараат за своите желби и потреби: „Што сакам јас? Што сакаш ти? Во што уживаме двајцата?“ За успешен разговор, важно е секој да ја разбере сопствената сексуалност и влијанието на личните искуства врз неа.
Мередит Чиверс, професорка по психологија и директорка на Лабораторијата за сексуалнот и род на Универзитетот Квинс во Кингстон, Канада, се занимава, меѓу другото, со истражување на женската сексуалност. Истражувањата покажуваат дека женската сексуалност функционира поинаку од машката. Жените можат физички да се возбудат без да чувствуваат желба.
„Забележавме дека жените реагираат со јасна телесна реакција на широк спектар сексуални стимули што им се целосно непосакувани“, вели Чиверс.
Таа смета дека возбудата кај жените во голема мера зависи од животните искуства, воспитувањето и односот кон сопственото тело.
„Родови улоги од најрано детство, негативни пораки за телото, искуства со болка и насилство – сите тие фактори ги оддалечуваат жените од нивните физиолошки реакции“, вели Чиверс.
Во хетеросексуалните врски женската желба и задоволство често не се во центарот на вниманието, што придонесува за помала сексуална исполнетост кај жените. Кога сексуалните потреби остануваат незадоволени, сексот станува сè потешка тема, а либидото постепено исчезнува. Спротивно на тоа, исполнетите потреби ја зголемуваат желбата и задоволството во врската.
Паровите што не разговараат често западнуваат во исти сексуални навики.
„Најчесто токму на жените им станува здодевно“, вели Сајферт и нагласува дека за жените е особено важно како се чувствуваат во врската: „Особено за жените е важно како воопшто се чувствуваат во врската“. Ако не се чувствуваат забележани и ценети, страда и сексуалноста. „На жените им е потребна голема храброст да ги покажат своите потреби“.
Многу парови со згаснат сексуален живот ретко се допираат и покажуваат нежност во секојдневието.
„А, потоа доаѓа викендот, и се очекува тогаш да има секс. Тоа е како скок од даска висока десет метри“, вели терапевтката.
Освен комуникација, важни се и свесната телесна блискост, но и повремена автономија и нови искуства. Сајферт истакнува дека желбата често се појавува за време на предиграта, а не пред неа.
„Ако имам секс само кога желбата ќе ме преплави, ќе чекам долго“, вели таа.
Затоа, во долгорочните врски потребно е свесно да се создаваат време и простор за интимност. Сексот, како и блискоста по него, ги зајакнуваат довербата, приврзаноста и задоволството од врската, особено кај жените.



