ИРАН ГИ ПРЕКИНУВА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ВОЈНАТА ВО ЛИБАН

    ИРАН ГИ ПРЕКИНУВА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД ПОРАДИ ШИРЕЊЕТО НА ВОЈНАТА ВО ЛИБАНИран и неговите сојузници размислуваат за целосно блокирање на Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Иран ги прекинува индиректните преговори со САД откако Израел ѝ нареди на војската да навлезе подлабоко во Либан за да се бори против Хезболах, објави иранската новинска агенција Тасним, што ги комплицира дипломатските напори за ставање крај на тримесечната војна. Тасним соопшти дека преговарачкиот тим на Иран престанува да разменува пораки со Вашингтон преку посредници.

    Доналд Трамп претходно повтори на социјалните мрежи дека верува оти Техеран сака да постигне договор. Во исто време, иранските претставници ги критикуваа САД за постојано менување став во преговорите.

    Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, исто така, го посочи Либан како голема пречка, иако таму и натаму е во сила прекин на огнот. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска нареди напади врз јужните предградија на Бејрут контролирани од Хезболах, најавувајќи понатамошна ескалација.

    Кршењето на еден фронт е кршење на прекинот на огнот на сите фронтови. САД и Израел се одговорни за последиците од какво било кршење“, рече тој на Икс.

    Тасним“ објави дека Иран и Фронтот на отпорот, кој ги вклучува неговите шиитски сојузници во Јемен, Либан и Ирак, размислуваат за целосно блокирање на Ормускиот Теснец и за активирање на други фронтови, вклучувајќи го теснецот Баб Ел Мандеб покрај брегот на Јемен, за да ги казнат Израел и неговите поддржувачи.

    САД викендов нападнале ирански воени објекти, додека Иранската револуционерна гарда за одмазда гаѓала американска база во Кувајт, што е последната размена на напади во услови кога мировните преговори се одолговлекуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира