Американската војска кажа дека извела нови самоодбранбени напади врз Иран и соборила балистички проектили и дронови испукани кон бродови и заливските земји. Централната команда (Центком) на војската објави дека нападите врз островот Кешм во Ормускиот Теснец биле одговор на иранските напади низ Блиски Исток.
Иран кажа дека се одмаздил така што нападнал американски бази и хеликоптери во една регионална земја. Според Центком, Иран лансирал два проектила кон Кувајт и три кон Бахреин, но не ја погодиле целта.
Ова се случува додека мировните разговори помеѓу САД и Иран се во застој, откако не беше постигнат напредок ни изминатиот викенд. И покрај тоа, Доналд Трамп им порача на критичарите да се опуштат, тврдејќи дека Иран силно сака да склучи договор, што притоа ќе биде многу поволен за САД.
Американските медиуми објавија оваа недела дека Трамп побарал измени на условите од можен мировен договор, додека Иран ги обвини САД дека постојано изнесуваат нови или контрадикторни барања.
На вчерашното сослушување во Конгресот, државниот секретар Марко Рубио негираше дека САД понудиле олеснување на санкциите за Иран во замена за повторно отворање на Ормускиот Теснец. Тој притоа нагласи дека војната е завршена.



