УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ГО ПОГОДИЈА НАФТЕНИОТ ТЕРМИНАЛ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА „РУСКИОТ ДАВОС“

    УКРАИНСКИ ДРОНОВИ ГО ПОГОДИЈА НАФТЕНИОТ ТЕРМИНАЛ ВО САНКТ ПЕТЕРБУРГ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА „РУСКИОТ ДАВОС“Снимки објавени на Телеграм покажаа голем чад од правецот на нафтениот терминал во пристаништето

    Русија објави дека соборила 50 дронови над Ленинградскиот регион и продолжува да одбива украински напади, непосредно пред почетокот на голема годишна економска конференција. Снимки објавени на Телеграм покажаа голем чад од правецот на нафтениот терминал во пристаништето во Санкт Петербург.

    Во Санкт Петербург од вчера се одржува таканаречениот „руски Давос“, чиј домаќин е Владимир Путин. Форумот беше отворен неколку часа откако Русија изведе голем воздушен напад врз Киев и други украински градови, при што загинаа 22 цивили.

    Најавено е дека Путин ќе одржи говор утре, а меѓу делегациите од 130 држави и територии се и претседателите на Узбекистан и Танзанија, потпретседателот на Кина и министерот за енергетика на Саудиска Арабија. Се очекува да присуствуваат и германски милијардер, актуелен американски функционер и познат американски десничарски инфлуенсер.

    Градоначалникот на Санкт Петербург, Александар Беглов, изјави дека градот воведе сеопфатни безбедносни мерки пред почетокот на економскиот форум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира