ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ИРАНСКИОТ НАПАД ВРЗ КУВАЈТ, ПОГОДЕН И МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ

    ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО ИРАНСКИОТ НАПАД ВРЗ КУВАЈТ, ПОГОДЕН И МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМИран ги обвини Кувајт и Бахреин дека сносат директна одговорност за американските напади (Фото: ДПА)

    Едно лице загина во Кувајт во денешниот ирански напад, што е прва жртва во заливските земји од прогласувањето на прекинот на огнот помеѓу САД и Иран во средината на април. Кувајтското министерство за надворешни работи кажа дека има и повредени и дека во нападот биле оштетени витални објекти и дипломатски претставништва.

    Кувајтската војска објави дека ирански дронови го погодиле и меѓународниот аеродром, предизвикувајќи значителна штета на еден од неговите терминали. Сообраќајот на аеродромот беше во прекин неколку часа.

    Американската војска објави денеска дека извела самоодбранбени напади врз иранскиот остров Кешм во Ормускиот Теснец откако Иран лансирал дронови и балистички проектили кон Кувајт и Бахреин. Иран потврди дека нападнал американски бази и хеликоптери во една регионална земја, што било одмазда за американските напади.

    „Кувајт и Бахреин сносат директна и јасна одговорност за американските напади врз Иран, зашто нивните објекти и територија беа користени за поддршка на американските воени операции против нас. Иран го задржува правото на самоодбрана и ќе ги искористи сите расположливи средства за да одговори, вклучително и со таргетирање на изворот на сите идни напади“, соопшти иранското министерство за надворешни работи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира