ЛИТВАНИЈА ПРЕГОВАРА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ АМЕРИКАНСКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА

    ЛИТВАНИЈА ПРЕГОВАРА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ АМЕРИКАНСКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈАУставот на Литванија забранува оружје за масовно уништување во нејзините граници, но претседателот Науседа предложи негова измена (Фото: АП)

    Литванија е во преговори со Вашингтон за потенцијално распоредување американско нуклеарно оружје на нејзина територија, изјави министерот за одбрана Робертас Каунас.

    „Разговорите се во тек. Литванија сигурно нема да стои настрана“, изјави Каунас.

    Разговорите доаѓаат во време кога Вашингтон презема потези за намалување на американското воено присуство во Европа, што предизвика загриженост кај сојузниците од НАТО.

    Уставот на Литванија забранува оружје за масовно уништување во нејзините граници, но претседателот Гитанас Науседа предложи негова измена поради моменталните безбедносни ризици. Фајненшл тајмс објави оваа недела дека американските претставници се во преговори за распоредување нуклеарни боеви глави и бомбардери во земјите од источното крило на НАТО.

    Американските нуклеарни оружја моментално се складирани во воени објекти во Германија, Белгија, Италија, Турција, Холандија и Велика Британија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира