ЗГРИЖУВАЧКА НА ДЕЦА ЗА 500 ЕВРА ИМ ГО ОТКУПИЛА БЕБЕТО НА СИРОМАШНИ РОДИТЕЛИ И ГО ПРОДАЛА НА БРАЧЕН ПАР ОД СКОПЈЕ

    ЗГРИЖУВАЧКА НА ДЕЦА ЗА 500 ЕВРА ИМ ГО ОТКУПИЛА БЕБЕТО НА СИРОМАШНИ РОДИТЕЛИ И ГО ПРОДАЛА НА БРАЧЕН ПАР ОД СКОПЈЕКривична пријава е поднесена против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово (Фото: СДК.МК)

    Поднесена е кривична пријава против шест лица за организирање и незаконско посвојување дете. Тие се поднесени против Ф. А. (63), Ѓ. К. (57), И. Ш. (35), Џ. Ш. (35), сите од Скопје, како и против С. Ј. (35) од Куманово и И. А. (38) од Тетово поради незаконско посвојување на дете.

    Во текот на 2024 и 2025 година, Ф. А. и Ѓ .К. го извршиле делото по пат на незаконско посвојување на новородено бебе. Користејќи ја својата положба на згрижувач на деца, Ф. А. воспоставила контакти со заинтересирани брачни парови, додека Ѓ. К., по претходен нивни договор, а заради избегнување на процедурата за посвојување деца согласно Законот за семејство, ја користела нивната бременост и тешка материјална и социјална состојба. Поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблуда и ги убедувала да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе.за одреден паричен надомест и други бенефиции.

    „На тој начин успеале да ја убедат С. Ј., која живеела во вонбрачна заедница со И. А., за финансиска помош од 500 евра и бесплатни гинеколошки прегледи да реализираат незаконско посвојување на нивното новородено бебе. По отпуст од болница, С. Ј. и нејзиното бебе биле прифатени од Ф. А. и превезени до нивниот дом, каде што пристигнале пријавените И. Ш. и Џ. Ш. и во својство на ‘посвоители‘ го зеле бебето и го однеле во својот дом. Во врска со наведеното, на 17.10.2025 бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу Џ. Ш. како заемодавач и И. А. како заемопримач, кои истиот ден му биле исплатени на И. А. како надомест за незаконито посвојување на нивното бебе“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира