ИРАН ЛАНСИРАШЕ ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ КОН ИЗРАЕЛ, КАЖА ДЕКА НАПАДИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ

    ИРАН ЛАНСИРАШЕ ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ КОН ИЗРАЕЛ, КАЖА ДЕКА НАПАДИТЕ ЌЕ ПРОДОЛЖАТИзраел потврди дека ракетирал две станбени згради во јужен Бејрут (Фото: АП)

    Иран објави дека лансирал проектили кон Израел како одговор на неговите денешни напади врз јужните предградија на Бејрут. Израелските воздухопловни сили соопштија дека успешно ги пресретнуваат сите ракети лансирани од Иран.

    Лансиравме ракети и беспилотни летала во координиран и интензивен напад насочен кон северните градови во Израел. Оваа операција е само почеток на цела недела континуирани напади. Бранови од ракети и дронови ќе продолжат да се лансираат 24 часа на ден во следните седум дена, сè додека непријателот не биде одвратен и не ги прекине своите злосторства. Секое таргетирање на иранска територија ќе биде дочекано со разорен одговор над сите очекувања“, соопшти Иранската револуционерна гарда.

    Ова е најголемиот предизвик за прекинот на огнот кој започна во средината во април. Пред само три дена, Израел објави дека нема да го напаѓа Бејрут под услов Хезболах целосно да запре со своите напади, што беше прекршено денеска.

    Израел потврди дека ракетирал две станбени згради во јужен Бејрут, при што загинале две лица. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нападнал „терористички штаб во населбата Дахиех во Бејрут, како одговор на пукањето на Хезболах врз израелска територија“.

    Доналд Трамп го повика Иран да се врати на преговарачката маса откако лансираше ракети кон северен Израел.

    „Ги испукавте вашите ракети. Доста е. Вратете се на маса и направете договор“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира