ВО ПОЛСКА УБИЕН РУСКИ КАРИКАТУРИСТ КОЈ ГИ ИСМЕВАШЕ ПУТИН И ЛУКАШЕНКО

    ВО ПОЛСКА УБИЕН РУСКИ КАРИКАТУРИСТ КОЈ ГИ ИСМЕВАШЕ ПУТИН И ЛУКАШЕНКОСемјон Скрепецки бил убиен од огнено оружје во полскиот град Бјала Подласка (Фото: Фејсбук)

    Полската полиција го истражува убиството на рускиот уметник и гласен критичар на Владимир Путин, Семјон Скрепецки. Тој бил убиен од огнено оружје во понеделникот наутро во полскиот град Бјала Подласка, околу 40 километри од белоруската граница.

    Полицијата кажа дека 44-годишниот Скрепецки бил застрелан петпати во главата, градите и грбот на паркинг, оддалечен 600 метри од белорускиот конзулат. Семјон Скрепецки беше псевдонимот на Роберт Кузовков, кој беше познат по своите карикатури, вклучувајќи ги Путин, Александар Лукашенко и Рамзан Кадиров.

    Марцин Козак од канцеларијата на окружното обвинителство на Лублин изјави дека непознат напаѓач му пришол на Скрапецки и двапати пукал во него, а откако тој паднал на земја, го застрелал уште трипати и избегал.

    Полицијата приведе двајца белоруски државјани во близина на белорускиот конзулат во градот. Нивната улога во инцидентот сè уште се утврдува“, рече Козак.

    Медиумските извештаи велат дека Скрепецки се преселил во Бјала Подласка во 2021 година.

    „Тој се занимавал со јавни уметнички активности и под псевдонимот Семјон Скрепецки ги критикувал сегашните политики на властите на Руската Федерација“, кажа Козак.

    Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува Скрепецки на протест пред руската амбасада во Берлин на 12 јуни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира