Почна продолжението на првата, конститутивна седница на Собранието, а на неа се пријавиле за збор сите присутни пратеници од ВМРО- ДПМНЕ, но и други пратеници, вкупно 57.
Секој пријавен пратеник има право да зборува по 10 минути, но има право и на реплики и контрареплики. Ова пратениците од СДСМ веќе го протолкуваа како обид за блокада на изборот на претседател на Парламентот.
Денеска требаше да се избере Комисијата за избори и именувања, која потоа треба да предложи кандидати за претседател на Собранието.