САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ СТАНУВА „Т АРЕНА“ ВО ПАРТНЕРСТВО СО „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“

    САЛАТА „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ СТАНУВА „Т АРЕНА“ ВО ПАРТНЕРСТВО СО „МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ“Салата наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот (Фото: Фејсбук)

    „Македонски Телеком“ и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ започнуваат стратешко партнерство со кое најголемата спортска сала во земјата станува „Т Арена“. Таа наскоро ќе добие нов визуелен изглед со препознатливата магента боја на Т брендот и на надворешниот и во внатрешниот простор на салата.

    „‘Т Арена‘ е многу повеќе од ново име. Таа е симбол на нашата долгорочна посветеност кон заедницата и кон вредностите што ги обединуваат луѓето – спортот, културата и заедничките искуства. Горди сме што стануваме дел од оваа приказна и веруваме дека ова ќе донесе нова енергија, нови можности и дополнителна вредност за посетителите и за целата јавност“, изјави Горан Марковиќ, главен извршен директор на „Македонски Телеком“.

    Ваков вид на партнерство помеѓу водечки компании и значајни спортски објекти е одамна воспоставено во светот, а со „Т Арена“, Македонија се приклучува кон оваа успешна традиција.

    „Партнерството со ‘Македонски Телеком‘ отвора ново и возбудливо поглавје во развојот на нашиот спортски центар. Заедно ќе работиме на унапредување на искуството за посетителите, привлекување нови настани и дополнително позиционирање на арената како регионален центар за спорт, култура и забава“, изјави Данијел Апостолоски, директор на СЦ „Борис Трајковски“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира