Прочуениот американски телевизиски режисер Џејмс Џими Бароус почина на 85 години. Тој е коавтор на хит-серијата „Кафулето ‘На здравје’“ (каде режираше 243 епизоди), а ги потпиша и сите 246 епизоди на „Вил и Грејс“. Тој работеше и на сериите „Пријатели“ , „Фрејзер“, како и пилот-епизоди за „Два и пол мажи“ и „Теоријата на Големиот тресок“.
Бароус помина речиси педесет години зад камерите, специјализирајќи се за ситкоми. Во својата автобиографија од 2022, напиша:
„Кога режирам, секогаш се обидувам да ја погодам онаа совршена точка каде што најдоброто сценарио се спојува со најдобрата глума и најсилната хемија меѓу актерите. Тој спој го носи најслаткото и најдолготрајното смеење“.
Неговото семејство во објави дека тој не создавал само хумор, туку хуманост и поврзаност. Колегите за Бароус објавија дека ќе го паметат како исклучително љубезен и дарежлив човек кој го знаел името на секој соработник на сетот, правејќи сите да се чувствуваат еднакво вредни.
Најголемиот дел од неговите проекти ја одбележаа златната ера на американската телевизија „Ен-Би-Си“ во 1990-тите години.



