ЖЕНА ЗАГИНА, ЕВАКУИРАНИ 1.700 ТУРИСТИ ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ШТО УНИШТИ ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКА

    ЖЕНА ЗАГИНА, ЕВАКУИРАНИ 1.700 ТУРИСТИ ПОРАДИ ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ШТО УНИШТИ ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ ВО ДОМИНИКАНСКАТА РЕПУБЛИКАОдморалиштето „Вива Доминикус Бич бај Виндам“ се наоѓа во Бајахибе, популарна дестинација за американски и меѓународни туристи на југоисточниот брег на Доминиканската Република. (Принтскрин од видео на Си-Ен-Ен)

    Голем пожар речиси целосно уништи луксузен хотел во Доминиканската Република, принудувајќи евакуација на речиси 1.700 туристи, соопштија властите. Локалните медиуми објавија дека една италијанска туристка загина во пожарот, а на неколку други туристи им била потребна медицинска помош.

    Одморалиштето „Вива Доминикус Бич бај Виндам“ се наоѓа во Бајахибе, популарна дестинација за американски и меѓународни туристи на југоисточниот брег на Доминиканската Република. Властите објавија дека околу 1.690 туристи морале да бидат евакуирани од одморалиштето во други хотели и блиски станбени објекти поради огромниот пожар.

    Причината за пожарот е под истрага, а Центарот за итни операции на земјата соопшти дека се чини оти „огнот се проширил брзо“ поради ветерот и затоа што дел од покривот на одморалиштето бил направен од слама. Другиот близок хотел на „Вива Виндам“, „Доминикус Палас“, не бил оштетен од пожарот и работел нормално, соопшти центарот.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира