Околу 700.000 денари (над 11.000 евра) обезбеди Министерството за култура и туризам во 2026 година за заштита на мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја кај Битола. Средствата ќе бидат наменети за препокривање со кровна конструкција на мозаиците заради поголема заштита од атмосферските влијанија.
„Радува фактот што во последните неколку години посетеноста на Херкалеја се движи од 22.000 до 25.000 посетители годишно. И ние сме со тенденција оваа бројка се повеќе да расте. Затоа во иднина ќе продолжиме со инвестиции особено во заштита и презентација на мозаиците“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков при посетата на Битола на 22 јуни.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



