НАВИВАЧОТ НА КОНГО КОЈ ПОЗИРА КАКО ЖИВА СТАТУА СЕ ПОЈАВИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    НАВИВАЧОТ НА КОНГО КОЈ ПОЗИРА КАКО ЖИВА СТАТУА СЕ ПОЈАВИ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОМишел Енкука Емболадинга стоеше мирно на пиедестал во текот на целиот натпревар со Колумбија (Фото: АП)

    Познатата жива статуа на Конго конечно се појави на трибините на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

    Мишел Енкука Емболадинга го привлече вниманието за време на последниот Куп на африкански нации во Мароко, позирајќи како статуа на убиениот водач на борбата за независност на Конго, Патрис Лумумба и на тој начин ја бодреше својата репрезентација на средбата со Колумбија, откако го пропушти првиот меч против Португалија поради правилата за карантин за ебола.

    Дотеран во стилот на убиениот национален херој, Емболадинга беше на своето место еден час пред почетокот на натпреварот, а кога играта почна, тој застана на пиедестал зад клупата на Конго и стоеше мирно целото прво полувреме. Својот настап го повтори и во вторите 45 минути.

    Тој не сакаше да биде интервјуиран и само кимна со главата и се насмевна кога го прашаа дали е среќен што конечно стигна до Светското првенство.

    Лумумба беше активист кој помогна да се стави крај на колонијалното владеење на Белгија над Конго во 1960 година. Тој стана првиот премиер на новата независна земја и се сметаше за еден од најперспективните лидери на Африка, но беше убиен во 1961 за време на борбата против сецесионистичкото движење во регионот Катанга, поддржано од Белгија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира