МАЖОТ КОЈ ТВРДИ ДЕКА ГО ИМА НАЈМАЛИОТ ПЕНИС НА СВЕТОТ СОБИРА ДОНАЦИИ ЗА ОПЕРАЦИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ

    МАЖОТ КОЈ ТВРДИ ДЕКА ГО ИМА НАЈМАЛИОТ ПЕНИС НА СВЕТОТ СОБИРА ДОНАЦИИ ЗА ОПЕРАЦИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕМајкл Филипс рече дека постапката нема да претставува лек за неговиот микропенис, но може да му донесе повеќе достоинство и независност (Фото: Ај-Ти-Ви)

    Мажот од Северна Каролина кој тврди дека го има најмалиот пенис на светот бара поддршка од јавноста за да направи операција за зголемување. Мајкл Филипс вели дека оваа процедура му е потребна за да ја подобри способноста за мокрење, што му е тешко, со оглед на тоа што неговиот пенис е наводно долг 0,97 сантиметри во целосна ерекција.

    Морам да носам пелени за возрасни секој ден. Ова е извор на фрустрација и срам, особено кога патувам и влијае на моите самодоверба и независност“, напиша Филипс во онлајн кампањата за собирање средства насловена „Помогнете му на Мајкл да направи процедура за зголемување на микропенис“.

    Филипс (38) рече дека постапката нема да претставува лек за неговиот микропенис, но може да значи живот со повеќе достоинство и независност. Тој собрал околу 12.200 долари од 190 корисници на GoFundMe во првите два дена од кампањата. Наведената цел е 22.000 долари.

    Тој го обелодени својот проблем во февруари во разговор за сајтот „Ти-Ем-Зи“, предизвикувајќи ги сите на Земјата да докажат дека некој има помал пенис од него. Неговото тврдење досега не е оспорено.

    Покрај проблемите со уринарниот систем, мене ми е невозможно да се впуштам во пенетративен секс во интимниот живот, што речиси ја брише мојата подготвеност да им пристапувам на нови луѓе, особено жени“, кажа Филипс.

    Микропенис е исклучително ретка состојба која се дефинира како истегната должина на пенисот помала од 6,8 сантиметри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира