Единаесетмина луѓе загинаа откако мал авион со падобранци се урна во градот Томблен во источна Франција. Во несреќата загинаа пилотот и десет патници, од кои пет ученици и пет инструктори, соопштија локалните власти. Сите загинати ученици биле медицински сестри.
Авионот, што го користела школа за падобранци, полетал од регионалниот аеродром „Нанси-Есеј“.
Ив Сеги, шефот на источниот департман Мерт-ет-Мозел, изјави дека нема повредени минувачи.
„Авионот падна ненадејно во непосредна близина на аеродромот. Неколку метри плус-минус и несреќата можеше да предизвика колатерални жртви“, рече Сеги.



