НАД 10.000 „ВЕСПИ“ СЕ ВОЗЕА НИЗ РИМ ВО ЧЕСТ НА 80. РОДЕНДЕН НА ЛЕГЕНДАРНИОТ СКУТЕР

    НАД 10.000 „ВЕСПИ“ СЕ ВОЗЕА НИЗ РИМ ВО ЧЕСТ НА 80. РОДЕНДЕН НА ЛЕГЕНДАРНИОТ СКУТЕР„Веспи“ денес се продавааѕ во 110 земји. (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од 10.000 „веспи“ викендов се движеа околу Колосеумот и покрај Римскиот форум, одбележувајќи ја 80-годишнината на легендарниот скутер. Ентузијастите дојдоа од сите страни: од цела континентална Европа, Англија, САД, Австралија, Филипини и од други места.

    Веспата“ стана светски позната по филмот „Празник во Рим“ од 1953 година, кога Грегори Пек ја провоза Одри Хепберн романтично низ центарот на Рим, а оттогаш се појави и во други филмови.

    Веспата“ е случаен производ, додека Италија се обновуваше од урнатините по Втората светска војна. „Пијаџо“, голем производител на авиони, чија фабрика во Понтедера беше уништена во бомбардирања, мораше да се прилагоди, па така почна да произведува скутери.

    На ревијата учествуваа ентузијасти од целиот свет (Фото: АП)

    Жените беа меѓу првичните целни клиенти, според Давиде Занолини, извршен потпретседател за маркетинг на „Пијаџо“, бидејќи можеа да ги возат додека носеа долги здолништа и без да ги покажуваат нозете. Тоа се одразува во дизајнот на „Веспата“, што на италијански значи оса.

    Формата, елеганцијата. Овој многу шармантен став на ‘Веспата‘ е многу повеќе дамски отколку машки“, рече Занолини.

    Ова мало возило на две тркала помогна во поттикнувањето на италијанската економија и набрзо го имаше насекаде. Компанијата има продадено околу 20 милиони „веспи“ низ целиот свет од 1946 година, а денес ги продава во 110 земји. Таа и натаму се произведува во Понтедера.

    Историјата на ‘Веспата‘, која ги придружува раѓањето и подемот на Италија по Втората светска војна, е на некој начин легендарен симбол на нашата историја и нашата култура. Горд сум што ‘Пијаџо‘ одлучил да ја организира годишнината во токму во Рим“, рече Роберто Гвалтиери, градоначалникот на Рим.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира