Денеска во Струмица почна да се гради новиот маркет на компанијата „Лидл“, на вкупна површина од 2.445 квадратни метри. Оваа инвестиција е дел од стратешкиот развој на „Лидл“ во Македонија, насочен кон создавање нови работни места, поддршка на домашното производство и воспоставување на најсовремени малопродажни стандарди , соопшти компанијата.
Оперативниот директор на „Лидл Северна Македонија“ Рубријан Хаџиев кажа дека овој проект е симбол на долгорочната посветеност на компанијата кон македонскиот пазар.
„Поставувањето на темелите во Струмица е важен чекор во реализацијата на нашата визија. Досега ‘Лидл’ инвестираше повеќе од 200 милиони евра во модерна логистичка и продажна инфраструктура, градејќи систем кој носи вредност за сите. Секој наш маркет е новa можност за работни места и мост локалните добавувачи до нашата широка мрежа. Горди сме што минатата година извозот на македонски производи преку ‘Лидл’ достигна 15,5 милиони евра, а со објекти како овој во Струмица, тие можности дополнително ќе растат“, изјави Хаџиев.
Тој додаде дека „Лидл“ останува посветен на воведување високи стандарди во малопродажбата, како и на инвестиции кои создаваат долгорочна вредност.
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, посочи дека ваквите инвестиции се јасен сигнал за подобрената деловна клима и довербата на странските инвеститори.
„Доаѓањето на еден од наjголемите светски брендови во трговиjата како што е ‘Лидл’ многу значи за државата, за економијата на државата и за бизнис климата. Станува збор за инвестиција вредна повеќе од 200 милиони евра, која ќе отвори нови можности за економски раст и отворање нови работни места“, кажа тој.
Николоски рече дека Владата и во следниот период ќе продолжи да дава поддршка на инвеститорите со олеснување процедурите.
„Направивме измени на Правилникот за урбанистичко планирање, со што објекти како овој треба да стануваат реалност во целата држава, што поскоро и што побрзо. И на тој начин да продолжи да се развива целата оваа приказна, а се надевам дека за многу скоро, некаде таму околу Нова Година, ќе ги видиме и првите ‘Лидл‘ маркети отворени во Македонија”, рече Николоски.
Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, изрази задоволство што светски бренд како „Лидл“ го препознава економскиот потенцијал и претприемачкиот дух на регионот.
„Овој маркет е голема придобивка за Струмица. Тој значи нови вработувања и нови партнерства за нашите локални компании. Нашата општина останува отворена за соработка и поддршка на проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот. Верувам дека ова е почеток на едно успешно партнерство кое ќе донесе долгорочен просперитет за нашите сограѓани“, кажа Јанков.
Директорот за недвижности на „Лидл“ за Бугарија и Северна Македонија, Бисер Инчовски, нагласи дека компанијата при изградбата на своите објекти применува најсовремени стандарди за одржливо градење, истовремено создавајќи вредност и за домашната економија.
„Новиот маркет во Струмица се гради според највисоките меѓународни стандарди за енергетска ефикасност и одржливост, со примена на современи технолошки решенија кои придонесуваат за заштита на животната средина. Посебно внимание посветуваме и на уредувањето на просторот, па дури 20 проценти од парцелата ќе бидат озеленети. Истовремено, особено ни е драго што во реализацијата на овој проект како изведувачи се ангажирани исклучиво домашни компании. На тој начин, покрај создавањето современ малопродажен објект, директно придонесуваме и за развојот на локалната градежна индустрија и македонската економија“, изјави Инчовски.
Во подготовката за отворањето на маркети низ земјата „Лидл Северна Македонија спроведува активна кампања за вработување на персонал во продажба и работа во логистичкиот центар. Заинтересираните кандидати може да аплицираат на jobs.lidl.mk
„Лидл“ досега има инвестирано повеќе од 200 милиони евра во развој на современа малопродажна и логистичка инфраструктура во земјава. Компанијата е дел од групацијата Schwarz Group, и е еден од водечките трговци со храна во Европа. Компанијата управува со околу 12 900 маркети во 31 држава, а вработува над 395 000 луѓе ширум светот.
*Комерцијален текст



