Маж е спасен од урнатините на зграда осум дена откако два моќни земјотреса ја погодија Венецуела, предизвикувајќи големи жртви и штети. Ернан Гил беше извлечен повеќе од 100 часа откако беше лоциран под 140 тони остатоци.
Тимови од Венецуела, Чиле, Костарика, Ел Салвадор, Мексико, Португалија и САД учествуваа во спасувањето на Гил, кој првпат беше забележан во саботата. Тие ноќеска воспоставиле визуелен контакт со него, по што успеале да му дадат вода и да го поврзат на инфузија.
Гил бил на должност во мала бетонска кабина во подрумот на паркингот веднаш до трговскиот центар во Катија Ла Мар кога се случиле двата земјотреса. Се чини дека кабината создала школка околу него, заштитувајќи го од урнатините околу и врз него.
„Ни кажа дека нема ни скршен нокот“, рече припадник на Црвениот крст на Костарика.
Досега е потврдено дека во земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтерова скала загинале речиси 2.300 луѓе, но десетици илјади и натаму се водат како исчезнати.



