Параглајдерист од САД е тешко повреден при слетување со параглајдер кај селото Породин, Битолско. Несреќата се случила вчера околу 15,30 часот при слетување на параглајдерсистот Ф. Б. (59) во атарот на Породин, во близина на индустриската зона Жабени.
Американецот бил сместен во Крушево, а вчера со параглајдерот летал над Пелагонија. Од СВР Битола соопштија дека со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



