ГРУПАЦИЈАТА „БАЛФИН“ ДОБИ СЕРТИФИКАТ НАЈДОБАР РАБОТОДАВАЧ 2026

    ГРУПАЦИЈАТА „БАЛФИН“ ДОБИ СЕРТИФИКАТ НАЈДОБАР РАБОТОДАВАЧ 2026Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација. (Фото: БАЛФИН)

    Групацијата „БАЛФИН“ го здоби сертификатот Најдобар работодавач 2026 (Top Employer 2026) кој го доделува Top Employers Institute – глобален авторитет за препознавање на извонредноста во практиките за управување со човечки ресурси. Сертификатот се доделува исклучиво на организации кои успешно ќе поминат низ ригорозен и независен процес на евалуација, при што се оценуваат нивните резултати во клучни области како што се стратегијата за човечки ресурси, развојот на таленти, благосостојбата на вработените, како и различноста и инклузивноста.

    Значењето на ова признание се гледа во неговиот статус на независен меѓународен репер кој обезбедува објективна проценка на практиките за управување со вработените според највисоките глобални стандарди. Сертификатот потврдува дека групацијата „БАЛФИН“ успешно создава работна средина со високи перформанси преку стратегии насочени кон луѓето, како и дека практиките за управување со човечки ресурси се усогласени со оние на водечките меѓународни организации.

    Според Елвин Носи, директор за човечки ресурси во групацијата „БАЛФИн“, сертификатот не е резултат на нова иницијатива, туку формално признание за културата и начинот на работа кои се градат со години.

    „Привлекувањето, развојот и задржувањето на талентите е еден од најголемите предизвици за секоја организација денес. Во ‘БАЛФИН‘ ова претставува стратешки приоритет веќе многу години. Можноста за професионален развој во различни индустрии и земји во кои работиме е една од нашите најголеми предности. За нас, сертификатот Top Employer ,пред сè, претставува потврда дека вложувањето во луѓето и создавањето можности за нивен раст е вистинскиот пат за иднината“, вели Носи.

    Функционирајќи во 12 земји и во индустрии како малопродажба, банкарство, недвижности, хотелиерство, логистика и други дејности, групацијата „БАЛФИН“ на своите вработени им нуди нешто што малку деловни организации можат да го обезбедат – можност за градење меѓународна кариера и професионален развој во различни индустрии во рамките на една иста групација.

    Главниот извршен директор на Top Employers Institute, Адриан Селигман, вели дека добивањето на сертификатот Country Top Employer 2026 е доказ за посветеноста на „БАЛФИН“ кон создавањето извонредна работна средина која овозможува одржливи деловни резултати.

    „Силната усогласеност меѓу стратегијата за управување со луѓето и организациските цели, заедно со постојаната посветеност кон унапредување, го демонстрира влијанието на нивните трансформативни практики. Горди сме што ја препознаваме групацијата ‘БАЛФИН‘ за нејзиниот значаен придонес кон создавање подобар работен свет во Албанија“, вели Селигман.

    Основана во Виена во 1993 година од Самир Мане, „БАЛФИН“ денес работи во 12 земји на два континента, со инвестиции во банкарството, недвижностите, малопродажбата, хотелиерството, управувањето со средства и други индустрии. Секој деловен сектор ги надополнува и зајакнува останатите, претворајќи ја диверзификацијата во двигател на одржлив раст, а не само на експанзија.

    Со консолидирана EBITDA од 163 милиони евра и тим од приближно 5.500 професионалци, групацијата ја комбинира финансиската стабилност со долгорочна посветеност на иновациите, етиката и позитивното општествено влијание, кое дополнително се развива преку „Фондацијата Мане“ основана во 2023 година.

    • Комерцијална објава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира