ЛЕ ПЕН ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФРАНЦИЈА, НО ЌЕ МОРА ДА НОСИ ЕЛЕКТРОНСКА НАРАКВИЦА ПОРАДИ ПРЕСУДАТА ЗА ПРОНЕВЕРА

    ЛЕ ПЕН ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФРАНЦИЈА, НО ЌЕ МОРА ДА НОСИ ЕЛЕКТРОНСКА НАРАКВИЦА ПОРАДИ ПРЕСУДАТА ЗА ПРОНЕВЕРАСудот ги потврди казните за Ле Пен од 100.000 евра и три години затвор, од кои две условно (Фото: ДПА)

    Апелацискиот суд во Париз потврди дека лидерката на француската крајна десница Марин Ле Пен е виновна по обвиненијата за проневера, поради што е неизвесно дали ќе се кандидира на следните претседателски избори. Судот ѝ го овозможи тоа откако ѝ ја намали забраната за вршење јавна функција од пет години на 15 месеци.

    Судот ги потврди казните од 100.000 евра и три години затвор, од кои две условно. Третата година Ле Пен треба да ја отслужи со носење електронска нараквица и таа претходно кажа дека на тој начин нема да се кандидира на изборите во 2027.

    Ле Пен беше осудена за проневера на европски пари во март 2025. Притоа доби четири години затвор, од кои две години условно и две со електронска нараквица и ѝ беше забрането да се кандидира за јавна функција пет години.

    Покрај Ле Пен, уште 24 лица беа прогласени за виновни, вклучувајќи членови на Европскиот парламент и функционери од нејзината партија Национален собир. Тие беа обвинети дека земале пари од Европскиот парламент како дел од измама со лажни работни места. Наместо парите да се трошат за персонал во ЕУ, тие ги користеле за плаќање партиски персонал во Франција. Весникот „Либерасион“ тогаш објави дека биле пронајдени докази за повеќе од 40 фиктивни договори за период од 12 години, чија вкупна вредност е околу 4,6 милиони евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира