НЕКОЛКУМИНА ЗАГИНАТИ И ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАР НА ГРАДИЛИШТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БРИСЕЛ

    НЕКОЛКУМИНА ЗАГИНАТИ И ИСЧЕЗНАТИ ВО ПОЖАР НА ГРАДИЛИШТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БРИСЕЛНе е јасно што го предизвикало пожарот (Фото: Ппротивпожарна служба на Брисел)

    Неколкумина луѓе загинаа во пожар на градилиште во Брисел и се трага по шест исчезнати лица, соопштија локалните власти.

    Неодреден број тела се пронајдени во еден од двата лифта на големиот проект за реновирање на централниот плоштад Брукер, изјави портпаролот на локалната служба за трудова инспекција Брехт Спејбрук.

    Накратко пристапивме до еден од двата лифта и видовме дека има трупови на две или три починати лица“, изјави Спејбрук.

    Тој рече дека вкупно шестмина работници се водат како исчезнати и дека не е јасно што го предизвикало пожарот. Локалната противпожарна служба соопшти дека повеќе од 200 работници имало на градилиштето кога избувнал пожарот и дека три лица се однесени во болница.

    Според белгиската телевизија „ВРТ“, првичниот пожар на долните катови бил локализиран релативно брзо, но пламенот што поминал низ шахтите на лифтот предизвикал нов пожар на подземниот кат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира