ЛОКАЛИЗИРАН ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КАЈ БЕЈБУНАР ВО ОХРИД КОЈ СЕ ШИРЕШЕ КОН КУЌИТЕ

    ЛОКАЛИЗИРАН ГОЛЕМИОТ ПОЖАР КАЈ БЕЈБУНАР ВО ОХРИД КОЈ СЕ ШИРЕШЕ КОН КУЌИТЕПожарот е на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев. (Фото: СДК.МК)

    Голем пожар изби вечерва кај Бејбунар во Охрид, кај шумата на 100 метри од бараките во населбата Гоце Делчев.

    „Пријава за пожар кај магацините на Улица 1-ва Македонска ударна бригада, 33, Охрид , пожарот се шири на кај куќите. Известена е Територијалната противпожарна единица Охрид“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „На 15.07.2026 околу 20:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар кај поранешните воени магацини во охридската населба Бејбунар. Во пожарот нема повредени лица, а била зафатена поголема површина на борова шума и нискостеблеста вегетација. Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна единица Охрид, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

    На терен интервенираа четири противпожарни возила, а благодарение на брзата реакција на противпожарните екипи пожарот е успешно локализиран по три часа.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира