РЕКИ ОД КАМЕЊА ТЕЧЕА НИЗ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ ВО НЕВРЕМЕТО

    РЕКИ ОД КАМЕЊА ТЕЧЕА НИЗ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ ВО НЕВРЕМЕТОНајмногу наноси има на крстосницата меѓу Чеде Филиповски и Сремска Митровица. Тие ќе мора да се исчистат зашто можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот. (Фото: СДК.МК)

    Реки од кал и камења течеа во вчерашното невреме низ битолските улици што се во близина на делницата од улицата Дебарска која се реконструира. Дождот носеше камења големи и по десетина сантиметри, таложејќи ги низ сообраќајниците и затнувајќи ги шахтте.

    Најмногу наноси има на крстосницата меѓу Чеде Филиповски и Сремска Митровица. Тие ќе мора да се исчистат зашто можат да предизвикаат проблеми во сообраќајот.

    При слично силно невреме на 23 јуни, дождот разори дел од Дебарска корнејќи големи плочи асфалт. По ова започна реконструкција на улицата, а од Општина Битола кажаа дека уште пред две години почнале со подготовка на документацијата. Овој дел се наоаѓа во непосредна близина на Козара која повеќе од една година се реконструра и уште не е асфалтирана, деновиве се местат ивичници. Улиците се на нецели пет минути пеш од строгиот центар на градот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира