МЕЧКА НАПАДНАЛА ЖИТЕЛ ОД КУРБИНОВО ДОДЕКА СОБИРАЛ ПЕЧУРКИ

    МЕЧКА НАПАДНАЛА ЖИТЕЛ ОД КУРБИНОВО ДОДЕКА СОБИРАЛ ПЕЧУРКИЗасега нема повеќе детали за тежината на повредите или за околностите под кои дошло до нападот.(Фото: СДК.МК)

    Жител на ресенското село Курбиново бил нападнат од мечка додека собирал печурки.

    Според СВР Битола, на 16 јули во 19:50 часот било пријавено дека 41-годишниот Н. И. од Курбиново бил нападнат од дивото животно. По нападот бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му била укажана лекарска помош.

    Засега нема повеќе детали за тежината на повредите или за околностите под кои дошло до нападот.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира