ПОЧИНА ОСКАРОВКАТА БРЕНДА ФРИКЕР, НАЈПОЗНАТА КАКО ЖЕНАТА СО ГУЛАБИ ОД „САМ ДОМА 2“

    ПОЧИНА ОСКАРОВКАТА БРЕНДА ФРИКЕР, НАЈПОЗНАТА КАКО ЖЕНАТА СО ГУЛАБИ ОД „САМ ДОМА 2“Бо „Сам дома 2“, Фрикер игра бездомничка која се зближува со ликот на Меколи Калкин (Фото: Шатерсток)

    На 81 година почина ирската актерка Бренда Фрикер, добитничка на Оскар која особено остана позната како жената со гулаби во „Сам дома 2“.

    Родена во Даблин, Фрикер ја почнала актерската кариера во театар и на телевизија, но испиша историја во 1990 година кога стана првата актерка од Ирска која добила Оскар, победувајќи ѕвезди како Џулија Робертс и Анџелика Хјустон.

    Таа беше наградена за најдобра споредна женска улога, играјќи ја мајката на ликот на Даниел Деј-Луис во „Моето лево стапало“. Филмот ја раскажува вистинската приказна за Кристи Браун, кој бил роден со церебрална парализа и можел да го контролира само левото стапало.

    Две години подоцна Фрикер ја одигра улогата по која стана најшироко позната – бездомничка која се грижи за гулабите во њујоршкиот Централен Парк, каде што се зближува со Кевин (Меколи Калкин), кој повторно е заборавен од семејството за Божиќ.

    Иако глумеше во речиси 100 филмови и серии, Фрикер своевремено кажа дека сигурно би имала подобра кариера доколку не добиеше Оскар, сметајќи дека поради тоа ја занемариле за многу улоги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира