Шпанските фудбалери ги примија златните медали и шампионскиот пехар од шефот на ФИФА, Џани Инфантино и Доналд Трамп. Американскиот претседател остана до Шпанците на подиумот и кога тие го почнаа славјето со трофејот во рацете, по што беше повлечен настрана од Инфантино.
Минатата година, Трамп ги стави фудбалерите на Челзи во непријатна ситуација кога со нив ја славеше победата на Светското клупско првенство во САД, па многумина стравуваа дека и сега ќе го направи истото.
Триумфот на СП е и голема политичка победа на Шпанија, откако Трамп мораше да ѝ го врачи пехарот на нацијата која ја опиша како лоша и безнадежна. Овие коментари дојдоа при неговите препукувања со шпанскиот премиер Педро Санчес околу Иран и НАТО, кога се закани дека ќе ја прекине целата трговија со Мадрид.
Трамп исто така предложи САД повторно да бидат домаќини на СП, овојпат без Канада и Мексико. Следниот мундијаал за кој не е одреден домаќин е во 2036 година.
„Се покажа дека сме фудбалска земја и мислам дека така ќе остане. Дојдоа луѓе од целиот свет и ја сакаат нашата земја. Ова навистина го обедини светот. Засновано врз бројките, ќе побараме веднаш да бидеме домаќини“, рече Трамп.



