АВСТРИЈА ОТВОРИ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕР

    АВСТРИЈА ОТВОРИ ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО РОДНАТА КУЌА НА ХИТЛЕРЗградата сега е реновирана, а фасадата променета, но останува огромен проблем за австриските власти (Фото: Би-Би-Си)

    Австрија отвори полициска станица во куќата каде што е роден Адолф Хитлер во градот Браунау ам Ин. Ова следува по години дискусии за тоа што да се прави со поранешната гостилница од 17. век, каде што е роден нацистичкиот диктатор во април 1889.

    Зградата сега е реновирана, а фасадата променета, но останува огромен проблем за австриските власти, кои сакаат да спречат таа да стане место на неонацистичко поклонение.

    Хитлер живеел во куќата само неколку недели, пред неговото семејство да се пресели на друга адреса во Браунау. Тие го напуштиле градот засекогаш кога тој имал три години. Хитлер се вратил накратко во Браунау во 1938, кога бил на пат кон Виена, откако ја анектираше Австрија кон нацистичка Германија.

    Со децении, австриското министерство за внатрешни работи ја изнајмувало зградата од нејзиниот поранешен сопственик, жена по име Герлинде Помер и ѝ плаќало дарежлива кирија, во обид да се спречи куќата да се користи како место за екстремно десничарски туризам.

    Зградата со години ја користела локална добротворна организација како дневен центар и работилница за лица со посебни потреби. Но, таа била принудена да се исели во 2011, кога Помер ги блокирала реновирањата. Таа, исто така, постојано одбивала да ѝ го продаде имотот на владата.

    Куќата останала празна неколку години, додека властите и Помер се расправале околу условите.

    Во 2016, австрискиот парламент донесе закон кој ѝ дозволи на владата да ја заплени куќата од Помер, при што ѝ беше исплатен надомест од 812.000 евра. Подоцна, таа ја тужеше владата, велејќи дека сумата е премала, но го изгуби случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира