Доналд Трамп изјави дека е блиску до одлуката дали да лансира масивен напад врз Иран, кој би бил најголем од почетокот на војната во февруари.
„Тие сè уште не претрпеле доволно болка. Размислувам за огромен напад, поголем од кога било досега. Блиску сум до донесување одлука. Сите сме подготвени за тоа“, кажа Трамп за сајтот „Аксиос“.
Тој призна дека таквата одлука би имала последици, па затоа сè уште не донел конечна одлука.
„Израел ќе се придружи за две минути ако ги замолам. Но, не ни треба никој“, рече Трамп, кој веќе се закануваше со големи напади врз Иран и јеменските хути.
Американскиот претседател ги даде овие коментари откако цените на нафтата достигнаа 100 долари за барел за првпат од мај, како реакција на ескалацијата на Блискиот Исток, во што се вклучија и хутите, кои почнаа да напаѓаат саудиски танкери во Црвеното Море.
САД го бомбардираат Иран веќе 13 ноќи по ред и нападите веќе не се ограничени само на областите околу Ормускиот Теснец.



