БИТКАТА СО ОГРОМНИТЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ФРАНЦИЈА Е КАКО ДАВИД ПРОТИВ ГОЛИЈАТ, ВЕЛИ ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА

    БИТКАТА СО ОГРОМНИТЕ ШУМСКИ ПОЖАРИ ВО ФРАНЦИЈА Е КАКО ДАВИД ПРОТИВ ГОЛИЈАТ, ВЕЛИ ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБАСтравувањата се зголемени оти се се очекува температурите во југозападна Франција оваа недела да достигнат 39 Целзиусови степени, а не се предвидува дожд. (Фото: АП)

    Справувањето со големиот шумски пожар во југозападна Франција наликува на борбата меѓу „Давид и Голијат“, рече портпаролот на Противпожарната служба. Пожарот во регионот Жиронд се наоѓа на само 14 километри од периферијата на Бордо, но надлежните велат дека градот засега не е загрозен. Пожарникарите западно од Бордо имале релативно мирна ноќ, при што пожарот е стабилизиран, но сè уште не е ставен под контрола.

    Тој рече дека Франција се соочува со шумски пожари со „исклучителен интензитет“, како во Жиронд, така и во јужниот дел на земјата и оти 200.000 луѓе се спасени благодарение на „фантастичните“ напори на пожарникарите, иако тесните патишта во Жиронд им го отежнувале движењето низ регионот. Тој им оддаде почит на четворицата пожарникари кои загинаа при гаснењето.

    Се очекува температурите во југозападна Франција оваа недела да достигнат 39 Целзиусови степени, а не се предвидува дожд најмалку до петок. Шумскиот пожар во Жиронд зафати површина од над 42.000 хектари и уништи 240 домови. „Ме потсетува малку на Помпеја“, вели еден жител на Бордо. „Беше прилично тешко да се дише.“

    Големи шумски пожари има и во Шпанија, вклучително и во регионот на Мадрид, каде што оваа недела исто така се очекува топлотен бран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира