СЕ СНИМА „МРАВКИ“, ВТОРИОТ ФИЛМ НА МАРЈАН ГАВРИЛОВСКИ

    СЕ СНИМА „МРАВКИ“, ВТОРИОТ ФИЛМ НА МАРЈАН ГАВРИЛОВСКИФилмот ќе се снима на повеќе локации низ Скопје и Дебар, а се најавува како црна комедија со елементи на трилер. (Фото: „Тајм лапс продукција“)

    Режисерот Марјан Гавриловски почна со снимањето на вториот долгометражен игран филм „Мравки“. Сценариото е на Никола Кузелов, продуцент е Ромир Јакупи, а директор на фотографија е Фејми Даут.

    Филмот со работен наслов „Мравките владеат со светот“ на „Тајм лапс“ продукција, доби 15 милиони денари (околу 243,000 евра) на Конкурсот за 2021 година во прв рок на одлучување на Агенцијата за филм.

    „Мравки“ ќе се снима на повеќе локации низ Скопје и Дебар, а се најавува како црна комедија со елементи на трилер, чија приказна следи невообичаен тандем, инспектор пред пензија и трансвестит, кои се принудени заедно да разрешат мистериозно убиство.

    Главните улоги ги играат Сенко Велинов и Никола Кузелов, а во екипата се и Сашко Коцев, Атанас Атанасовски, Владо Јовановски, Береда Решит, Тања Кочовска, Владимир Тулиев, Кристина Атанасова-Арсова, Мими Таневска, Драган Спасов-Дац.

    Гавриловски дебитираше со „Те дуа, жими мене“, независен филм (без државна поддршка) снимен во 2019, а имаше кинопремиера во 2023. Според продуцентите, имаше над 30.000 гледачи за една година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира