СУДИЈАТА ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА В. Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈА

    СУДИЈАТА ЗОРАН ГЕРАСИМОВСКИ ИЗБРАН ЗА В. Д. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКОПСКА АПЕЛАЦИЈАГерасимовски е апелационен судија од 2017 година и постапува по граѓански предмети. (Фото: Апелационен суд Скопје)

    Судскиот совет денеска го избра судијата Зоран Герасимовски за вршител на должноста (в. д.) претседател на Апелациониот суд Скопје. Оваа одлука следува по преминот на досегашната претседателка Мери Дика на новата функција во Уставниот суд.

    За привремен раководител на скопска Апелација беа предложени судиите Тања Милева и Зоран Герасимовски.

    На истата седница, Судскиот совет донесе одлука за распишување оглас за избор на нов претседател на скопскиот Апелационен суд, а констатираше и мирување на судиската функција на Мери Дика поради нејзиниот избор за уставен судија.

    Герасимовски во 2017 година беше избран за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира