ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ ВИЛИЈАМ ОРБИТ

    ПОЧИНА БРИТАНСКИОТ МУЗИЧАР И ПРОДУЦЕНТ ВИЛИЈАМ ОРБИТОрбит објави низа албуми во 1980-тите и 1990-тите, пред да стане име во мејнстрим поп музиката (Фото: Гети)

    Вилијам Орбит, музичар, продуцент и добитник на Греми, најпознат по својата работа со Мадона и „Блур“, почина на 69 години. Неговото семејство објави денеска дека Орбит починал уште на 23 јули.

    Во текот на кариерата, Орбит изгради значителна дискографија како соло музичар, продуцент и ремиксер. Самиот постигна успех на топ-листите во неговата родна Велика Британија со „Barber’s Adagio for Strings“ како ремикс на Фери Корстен и со „Feel Good Time“, соработка со Пинк за филмот „Чарлиевите ангели“.

    Но, за љубителите на поп-музиката, тој беше најпознат како централна сила на албумите „Ray of Light“ на Мадона и „13“ на „Блур“. Со Мадона освои три Греми награди, вклучувајќи и за најдобар поп албум.

    Орбит, чие вистинско име беше Вилијам Марк Вејнрајт, е роден во Лондон во 1956 година. Го напуштил училиштето на 16-годишна возраст за да живее низ Велика Британија и Европа, свирејќи гитара и и пеејќи низ Лондон и Париз.

    Тој објави низа албуми со електронска музика во 1980-тите и 1990-тите, пред да стане име во мејнстрим поп музиката. Соработуваше и со „Ју-Ту“, „Ноу даут“, Мелани Си, „Ол сејнтс“ и Бритни Спирс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира