УЕФА Ѝ ПЛАТИЛА ОТПРЕМНИНА НА ЉУБОВНИЦАТА НА ИНФАНТИНО, ФИФА НЕГИРА

    УЕФА Ѝ ПЛАТИЛА ОТПРЕМНИНА НА ЉУБОВНИЦАТА НА ИНФАНТИНО, ФИФА НЕГИРАИнфантино беше генерален секретар на УЕФА од 2009 до 2016 (Фото: АП)

    Наводната љубовница на Џани Инфантино добила отпремнина од УЕФА додека тој бeше генерален секретар, според истрагата на „Дејли телеграф“. Ова беше демантирано од портпаролот на сегашниот претседател на ФИФА.

    УЕФА, каде што Инфантино беше генерален секретар од 2009 до 2016 година, издаде соопштение во кое се потврдува дека „на дотичниата личност ѝ била извршена исплата за заминување“.

    Тврдењата доаѓаат во време кога Инфантино се бори за својата иднина како претседател на ФИФА по неговите неуспешни планови да продаде акции на Светското првенство на приватни инвеститори. УЕФА е една од трите континентални фудбалски федерации кои јавно се спротивставија на плановите на Инфантино.

    „Телеграф“ објави дека УЕФА ѝ платила шестцифрена сума на жената која наводно имала врска со женетиот Инфантино за време на неговиот мандат во управното тело на европскиот фудбал.

    Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, силно ги негира овие обвинувања и тие се категорично неточни. Ниту еден вработен во УЕФА и ФИФА никогаш не поднел жалба во врска со однесувањето на Инфантино, бидејќи никогаш немало инцидент во кој тој бил вмешан“, изјави портпаролот на ФИФА за „Телеграф“.

    УЕФА потврди дека била извршена исплата на дотичната жена и дека таа ги покривала трошоците за нејзиното завршување на курс во локално бизнис училиште. Се вели дека сите плаќања биле во согласност со прописите во тоа време, кои оттогаш се заострени.

    Овие тврдења ставаат дополнителен притисок врз Инфантино, на кого досега поддршка му дадоа фудбалските федерации на Африка и Јужна Америка. Тој се извини за грешките што ги направи со предлозите, но не се повлече. И покрај тоа, европските репрезентации се заканија дека ќе ги бојкотираат настаните на ФИФА, велејќи дека одредени услови не се исполнети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира