НИСКИОТ ВОДОСТОЈ НА ДУНАВ ВО БУДИМПЕШТА ОТКРИ ВОЕН МОТОЦИКЛ И ДОБРО ЗАЧУВАНИ ОСТАНКИ НА НАЦИСТИЧКИ ВОЈНИЦИ

    НИСКИОТ ВОДОСТОЈ НА ДУНАВ ВО БУДИМПЕШТА ОТКРИ ВОЕН МОТОЦИКЛ И ДОБРО ЗАЧУВАНИ ОСТАНКИ НА НАЦИСТИЧКИ ВОЈНИЦИБидејќи калта во коритото на Дунав кај плоштадот Батјани е измешана со бензинско масло, се создале идеални услови за зачувување на човечки остатоци и други предмети (Фото: Фејсбук)

    Нискиот водостој на Дунав во Будимпешта откри мотоцикл од Втората светска војна и добро зачувани останки на двајца нацистички војници, објави Комисијата за германски воени гробови (Фолксбунд). Таа испратила специјалист за да изврши ексхумација заедно со унгарските колеги.

    Покрај телата на војниците, пронајдени се и противтенковски мини и канистер за бензин.

    Бидејќи калта во коритото на Дунав кај плоштадот Батјани е измешана со бензинско масло, се создале идеални услови за зачувување на човечки остатоци и други предмети. Според Фолксбунд, благодарение на овој нафтен производ, калта ги зачувала и дисковите за идентификација, така што буквите и броевите на нив се сè уште јасно читливи.

    Овие дискови служеле како лична карта на војниците во тоа време. Секој војник носел двоен диск. Во случај на смрт, едната половина била испраќана во информативната канцеларија на Вермахтот, која потоа можела да ги информира членовите на семејството. Во овој случај, дисковите за идентификација се сè уште целосни, што значи дека извештајот за нивната смрт никогаш не стигнал до Берлин.

    По прегледот, војниците ќе бидат погребани на воените гробишта на периферијата на Будимпешта.

    За мотоциклот се верува дека станува збор за модел „DKW NZ 350-1“, кој во тоа време се сметал за особено робустен и сигурен, според Фолксбунд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира