Најмалку 13 луѓе се убиени, а десетици се повредени во украински напад со дронови врз руската република Татарстан, а медиумските извештаи сугерираат дека е погодена петрохемиска фабрика.
Радмир Бељаев, градоначалникот на индустрискиот град Нижнекамск, рече дека дроновите таргетирале и цивилни и индустриски објекти за време на нападот, при што 39 лица се повредени. Непотврдени извештаи велат дека била погодена петрохемиската фабрика „Нижнекамскнефтекхим, која произведува синтетичка гума и пластика.
Татарстан прогласи период на жалост по смртоносните напади врз Нижнекамск. Градот претходно беше нападнат во јуни, кога мета на украински беспилотни летала беше рафинеријата на „Татнефт“.
Руското министерство за одбрана соопшти дека синоќа и ноќеска биле пресретнати 456 украински беспилотни летала над Русија и Крим.



