БИВШИОТ ЛИДЕР БАШАР АЛ-АСАД ОСУДЕН НА СМРТ ВО СИРИЈА

    БИВШИОТ ЛИДЕР БАШАР АЛ-АСАД ОСУДЕН НА СМРТ ВО СИРИЈАСмртна казна доби и Атеф Наџиб, поранешен шеф на политичката безбедност во сириската покраина Дера, кој беше во кафез во судницата (Фото: АП)

    Сириски суд го осуди соборениот диктатор Башар ал-Асад на смрт откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на граѓанската војна во земјата.

    Сепак, Асад е недостапен за властите зашто избега од Дамаск во Москва по падот на неговиот режим во декември 2024, со што заврши петдецениското владеење на неговото семејство.

    Во истиот случај, судот го осуди на смрт и Атеф Наџиб, братучед на Асад и поранешен шеф на политичката безбедност во јужната сириска покраина Дера. Тој беше во кафез во судницата за време на читањето на пресудата.

    Во март 2011 започнаа протести во Дера поради притворањето и наводното мачење на група тинејџери обвинети за пишување антивладини графити. Тие беа насилно задушени од страна на безбедносните сили, што, пак, доведе до националните демонстрации, кои ескалираа во граѓанска војна, во која беа убиени стотици илјади луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира