САД имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Ние целосно го контролираме Ормускиот Теснец. Никој друг, само ние“, им рече тој на новинарите.
Трамп нагласи дека не му верува на Иран.
„Јас сум последниот човек кој му верува на Иран. Тие постојано ме лажеа. Во моментов имаме целосна контрола врз Ормускиот Теснец. Тие немаат контрола“.
Спорот околу транзитните права во теснецот доведе до неодамнешната ескалација на воениот конфликт помеѓу Вашингтон и Техеран. Пред САД и Израел да почнат да го напаѓаат Иран на 28 февруари, превозот низ Ормускиот Теснец се одвиваше непречено. Иран потоа ефективно го затвори за најголемиот број бродови и сообраќајот низ него сега е минимален.
Околу една петина од светскиот извоз на нафта се одвиваше преку овој воден пат, кој е исто така клучен за транспорт на течен природен гас и ѓубрива.



