Директорот на телевизијата „Алсат-М“, Лирим Хајредини, денеска е најден мртов пред трговскиот центар ТЦ „Мавровка“ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска околу 09.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на булевар Крсте Мисирков во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л. Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Известен е јавен обвинител и во тек е увид на местото на настанот“, велат од МВР.
Хајредини 16 години беше оперативен директор на првата национална телевизизија на албански јазик „Алсат-М“, чие седиште се наоѓа во зградата на „Мавровка“.



