ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,7 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ИНДОНЕЗИЈА, НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИ

    ЗЕМЈОТРЕС СО ЈАЧИНА ОД 7,7 СТЕПЕНИ ЈА ПОГОДИ ИНДОНЕЗИЈА, НАЈМАЛКУ 20 ЗАГИНАТИЗемјотресот го погоди островот Флорес утрово нешто пред 05:00 часот по локално време. (Фото: Басарнас)

    Најмалку 20 лица загинаа откако земјотрес со јачина од 7,7 степени ја погоди Индонезија рано утрово, соопшти националната агенција за справување со катастрофи. Од агенцијата изјавија дека има и повредени со различен степен на повреди, при што напоменаа дека бројките се прелиминарни додека траат операциите за пребарување и спасување.

    Екипите работат на извлекување на лицата заробени во зградите оштетени од земјотресот и од десетиците последователни потреси што уследија. Беше издадено предупредување за цунами, но тоа беше укинато околу три часа по првичниот потрес.

    Земјотресот го погоди островот Флорес утрово нешто пред 05:00 часот по локално време. Потресот се случил на длабочина од 15 километри, соопшти индонезиската агенција за метеорологија и геофизика.

    Колку е поплитко жариштето на земјотресот, толку обично се подеструктивни неговите ефекти на површината. Во истото подрачје беа почувствувани силни последователни потреси, вклучително и еден со магнитуда од 6,1.

    На видеоснимка од пристаништето во Маумере се гледа како големи парчиња бетон се откршуваат од зградата на терминалот и паѓаат врз патниците што чекале да се качат на траект за меѓуостровски превоз. Некои од нив паднале во морето откако се урнал мостот за качување на бродот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира