ЗА БЕЛИ ГЛАСАА БЕЛИТЕ ЛИВЧИЊА НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА

    ЗА БЕЛИ ГЛАСАА БЕЛИТЕ ЛИВЧИЊА НА ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈАЛука Максимовиќ освои повеќе гласови од Вук Јеремиќ и Војислав Шешељ. - Од кампањата на Бели (Фото: Фејсбук)

    Љубиша Прелетачевиќ Бели е најголемото изенадување на претседателските избори во Србија, откако освои 9,6 отсто од гласовите и го освои третото место. 25-годишниот студент, чиј вистински идентитет е Лука Максимовиќ, на изборите настапи како пародија на политичарите измамници, се верува дека ги собра гласовите на разочараните од политичката класа во Србија, но и на оние кои досега не излегувале на избори, таканаречените бели ливчиња, се вели во анализата на српскиот весник „Блиц“.

    Судејќи по првичните резултати од вчерашните претседателски избори, Максимовиќ помина далеку подобро од многу кандидати на опозицијата, како Вук Јеремиќ, кому му беше предвидуван значително подобар резултат.

    Невен Цветиќанин од Институтот за општествени науки за „Блиц“ вели дека не е изненаден од добриот пласман на Максимовиќ.

    „Речиси 10 отсто гласаа за него и тоа ни говори дека тоа се луѓе кои се разочарани и гласаа на некој начин протестно. Со таквиот избори пратија порака дека сакаат да го заобиколат Александар Вучиќ, кој има убедлива победа, но и некои други луѓе, односно дека сакаат свежа крв во политиката. Секако дека тука има е поранешни апстиненти. Мислам дека дури и релативно нискиот резултат на Радуловиќ е последица на појавата на Бели, бидејќи на парламентарните избори тој како протестен кандидат освои добар процент. И сега гледаме дека тоа што претходно беа бели ливчиња, а одеа кај Радуловиќ, сега одат кај Бели“, вели Цветиќанин.

    Премиерот Александар Вучиќ победи на претседателските избори уште во првиот круг со над 55 отсто од гласовите, а второпласиран беше Саша Јанковиќ со околу 15 отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира