ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА БЕЗ ВОДА ИЛИ СО СЛАБ ПРИТИСОК, ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО СТРУЈАТА ПРИВРЕМЕНО ПРЕКИНАТО СНАБДУВАЊЕТО СО СИРОВА ВОДА

    ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА БЕЗ ВОДА ИЛИ СО СЛАБ ПРИТИСОК, ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО СТРУЈАТА ПРИВРЕМЕНО ПРЕКИНАТО СНАБДУВАЊЕТО СО СИРОВА ВОДАДефект на електричната мрежа во пумпната станица „Довлеџик“ ја остави Битола без вода. (архивска фотографија)

    На температура од над 30 степени Целзиусови, делови од Битола останаа без вода или со слаб притисок поради дефект на електричната мрежа во пумпната станица „Довлеџик“. Од Јавното претпријатие „Водовод“ соопштија дека привремено е запрено снабдувањето со сирова вода.

    „Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови и прекин на водоснабдувањето“, велат од претпријатието.

    Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на дефектот.

    Попладнево, дефектот предизвикан од струен удар беше отстранет, а надлежните соопштија дека целокупното водоснабдување ќе се врати во нормала.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира