УНИШТЕНА ЗИМСКАТА МАРКАЦИЈА НА ПАТЕКАТА ПОПОВА ШАПКА–ТИТОВ ВРВ

    УНИШТЕНА ЗИМСКАТА МАРКАЦИЈА НА ПАТЕКАТА ПОПОВА ШАПКА–ТИТОВ ВРВУништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите, особено при снег, магла, ветер и намалена видливост. (Фото: ФПС)

    Повеќе од 45 од вкупно 112 столбови на зимската планинарска маркација на патеката Попова Шапка–Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра, односно околу 500.000 денари, Соопшти Федерацјата на планинарски спортови. Маркацијата, поставувана од ноември 2025 до јули 2026 година, е дел од проектот „Славков“, во чија реализација учествувале над 25 локални волонтери и мали бизниси од Тетово и Боговиње.

    Организаторите предупредуваат дека уништувањето директно ја загрозува безбедноста на планинарите, особено при снег, магла, ветер и намалена видливост. Зимските столбови се клучни ориентири кога летната маркација е покриена со снег или невидлива.
    Покрај финансиската штета, уништена е и важна туристичка инфраструктура за развој на планинскиот туризам. Проектот е поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка, Скопска Пивара и други партнери.

    Случајот е пријавен во Полициската станица Попова Шапка. На 19 август полициски тим, во присуство на претставници на Националниот парк „Шар Планина“, извршил увид и ги документирал оштетувањата. Организаторите очекуваат институциите да ги утврдат сторителите и да постапат согласно закон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира