Шпаркасе Банка подготви специјална понуда за претстојната учебна година во рамките на својата програма за партнерства и лојалност „Твој Шпаркасе круг“. Преку оваа понуда, корисниците на сите платежни картички од оваа банка можат да остварат попусти од 5 до 40 проценти при пазарење кај повеќе од 30 трговски партнери.
Поволностите ги опфаќаат клучните категории потребни за подготовките за на училиште, меѓу кои се училишниот прибор, спортската опрема, патиките и детската облека. Според пресметките, со плаќање преку картичките клиентите можат да остварат заштеда и до 6.000 денари при семејните набавки.
Во акцијата се вклучени продажни места и брендови како Офис плус, Штадтлер, Окаиди, Спрингфилд, Манго кидс, Спорт М, Интерспорт, Адидас, Сизер и други трговци каде што локациите се обележани со ознаката на лојалната платформа.
Од банката објаснуваат дека овие поволности имаат за цел да го олеснат семејниот буџет во периодот пред почетокот на наставата, наведувајќи дека програмата нуди поволности и заштеди за корисниците и при секојдневните плаќања преку целата година.
Комерцијална објава



