ПЕТРЕ АРСОВСКИ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ЗА 2026

    ПЕТРЕ АРСОВСКИ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ГОЛЕМА ЅВЕЗДА НА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ ЗА 2026Филмската кариера Арсовски ја започнал во 1971 година во „Македонскиот дел од пеколот“ (Фото: Д. Неделчевски)

    Актерот Петре Арсовски е годинашниот добитник на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Наградата ќе ја прими на свеченото отворање на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, на 19 септември во Битола.

    Филмската кариера Арсовски ја започнал во 1971 година во „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица. Потоа следеа улогите во „Истрел“ на Бранко Гапо, „Јад“ на Кирил Ценевски, „Најдолгиот пат“ на Бранко Гапо, „Пресуда“ на Трајче Попов и „Време, води“ на Бранко Гапо. Арсовски глумеше и во „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Ангели на отпад“, „Џипси меџик“, „Збогум на 20-тиот век“, „Големата вода“, „Бал-кан-кан“, „Караула“, „Трето полувреме“, „До балчак“, „Ослободување на Скопје“, „Златна петорка“ и „Лена и Владимир“. Неговата филмографија опфаќа и бројни продукции во земјите од регионот и пошироко.

    ДФРМ во 2013 ја востанови наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм, а нејзини досегашни добитници се Кирил Ценевски, Милчо Манчевски, Дарко Марковиќ, Сајмон Пери, продуцентската куќа „Вардар филм“, Милица Стојанова, Љупчо Константинов, Столе Попов, Северџан Бајрам, Горјан Тозија-Медо, Лабина Митевска, Димитар Грбевски и Кирил Џајковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира